You are currently viewing Добредојде Берна од Турција!

Добредојде Берна од Турција!

Здраво, јас сум Берна. Имам 20 години и доаѓам од Турција. Ова е мој прв проект поврзан со програмата „Еразмус+“. Студирам економија на прва година на Универзитетот Галатасарај во Истанбул. Студирам економија на француски јазик и тоа е сосема нова перспектива. Ова, исто така, ми помага да добијам поевропска гледна точка околу мојата специјалност.

Не волонтирав многу во минатото, но сакав да излезам од мојата удобна зона, правејќи нешто ново и возбудливо. Среќна сум што сум дел од една поголема слика и што му давам нешто на светот.

Имам страст кон јазици и музика. Свирам виолина, иако не сум многу добра во тоа. Сакам да пробувам нови работи и сакам напорно да работам на нив додека не се подобрам. Во слободно време се занимавам со аикидо, кое е одбранбена боречка вештина и уживам во тоа. Исто така, сакам да пловам од време на време, морето помага да се расчисти умот. Себеси се сметам и за гурман, секогаш кога сум во прилика пробувам различни кујни и ги споредувам вкусовите.

Се надевам дека преку овој проект, ќе запознаам различни култури и ќе споделам нешто од мојата. Возбудена сум што следните седум недели ќе бидам дел од семејството на Волонтерски Центар Скопје.

Берна Илмас