За 15-годишнината од формирањето на Волонтерски Центар Скопје да се навратиме на иднината! Никола Станкоски (директор и основач на ВЦС) ни дава увид во почетоците од организацијата. Тој ја споделува со нас искрата која ја иницирала оваа авантура на добри вибрации и меѓусебни комуникации.
Овој месец, повторно одиме на патувања до краевите на нашиот свет! Дали сте спремни да заминете за Бразил, потоа во прекрасната Бретања, единствениот краен запад без каубои? Можеби се уморивте од патувања со авиони. Без грижа, како што велат во Австралија, ви скроивме решение само за вас. Може и да се одлучите да се качите на едреник и да патувате преку седумте мориња со вашиот партнер. И да останете на брегот може да биде многу олеснително за нашиот разум.
Тогаш, ајде да ги прошириме нашите погледи и да сфатиме како терапијата може да има различни форми и методи. Да речеме, дали некогаш сте помислиле дека уметноста може да биде делотворна за некои луѓе? За промена, можете и да погледнете дури и некој хорор-филм и да се соочите со своите стравови (барем да се осмелите).
И покрај сé, ова се прилично дискутирани теми, на еманципацијата на жената се работи постојано, присуство во театарските претстави и контрацептивните средства. И за крај, но секако не помалку важно, дали сте се запрашале која е врската помеѓу банкарството и сирењето?
Се надеваме дека ќе уживате во последното издание за 2020 година колку што и ние уживавме во неговото создавање. До наредниот пат!