You are currently viewing Повик за волонтери во Турција!

Повик за волонтери во Турција!

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтер, 18 – 30 години, од Македонија за учество на ЕСК проектот „Join our Intergenerational Journey 2020“ во Турција.

Место: Анкара, Турција.
Долгорочен: Веднаш, на 12 месеци

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

Проектот е за Активности на Универзитетот, пишување текстови за месечно списание, англиски разговор и релевантни часови по јазик, Јутелеграф, работа со бегалци, работилници во Центар за лица со попреченост, чистење на животната средина, работа во канцеларија, часови по турски јазик.

За повеќе информации co ИНФО-ПАКЕТОТ: Join our Intergenerational Journey 2020 (1)

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Партнер на проектот:  System & Generation (Ankara)

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во Предмет (на пр. Апликација за “Intergenerational Journey “)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 11.2.2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.