You are currently viewing Повик за волонтери во Полска !

Повик за волонтери во Полска !

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтери, 18-30 години, од Македонија за учество на ЕСК проектот „Summer Education“ во Полска.

Место: Гдањск, Полска.
Датум: 18.7.2022 – 9.8.2022

Проектот е за активности од областа на неформалното образование поврзани со деца со посебни потреби, млади, работилници на различни теми и локални активности.

За повеќе информации: ТУКА

Партнер на проектот: Wolontariat Gdańsk

За проектот:
Проектот е поделен во 3 главни фази:

  • Интеграција: волонтерите ќе спроведат активности за добредојде за да обезбедиме соодветна адаптација на волонтерите помеѓу нив како и во градската средина.
  • Обука: волонтерите ќе добијат предавања во врска со SDG – “Цели за одржлив развој” и други алатки кои ќе им помогнат за подготвување на работилници.
  • Работилници: волонтерите ќе бидат поделени во групи за да подготват работилници за “Цели за одржлив развој” и да ги презентираат на децата во училиштата.

Секоја фаза од проектот е надополнета со забавни активности, учење едни од други и слободно време за истражување на градот Гдањск.

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Summer Education“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 15.06.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.