Повик за волонтери во Словенија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов: “ESC opportunities in Ljubljana” во Словенија. Место: Љубљана, Словенија Почеток: септември 2025 или ноември 2025 (12 месеци) Повеќе за проектот: 1. ЕСК во Волонтерски институт улога = Административна и графичка поддршка времетраење = од ноември 2025 до ноември 2026…

0 Comments

Повик за волонтер во Словачка!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов: “Open Horizons – Encouraging youth to explore the world through language and cultural experiences” во Словачка. Место: Чадца, Словачка Датум: септември 2025 - август 2026 (12 месеци) Повеќе за проектот: Задачите на волонтерите ќе бидат разновидни, од организирање курсеви…

0 Comments

Повик за волонтери во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтерн (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов: “Solidarity with people with disability in Aachen” во Германија. Место: Ахен, Германија Почеток: август/септември 2025 (12 месеци) Повеќе за проектот: Волонтерите ќе работат за и со лица со попреченост за време на нивната волонтерска служба во надворешни групи за…

0 Comments

Добредојде за Лолин од Франција!

Здраво дечки! Се викам Лолин и имам 21 година. Потекнувам од островот Рејунион, но живеам во регионот на замокот Лоара (кој треба да го посетите). Отсекогаш бев опкружена со оваа мешавина од различни култури и истории. Затоа, кога имам можност да патувам и да студирам, веднаш ја користам. Всушност, дипломирав на европски применети јазици, која…

0 Comments

Одглуми го: Сцена за промена!

Ми беа потребни две возења со автобус, метро и воз, за после 18 часа да пристигнам на мојата дестинација. Дебрецен, Унгарија беше мирно место со пријатно време и живописни пејзажи кои ми создадоа пријатно чувство за овој проект уште на самиот почеток. Пристигнав точно навреме за вечера каде што добив можност да ги запознаам останатите…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Наржис од Франција!
Narjesse, France

Добредојде за Наржис од Франција!

Здраво на сите! Јас сум Наржис, имам 19 години, доаѓам од Франција, но горда сум на своето потекло: половина Французинка, половина Мароканка (тимски кускус и багети). Ги сакам авантурите, музиката во ушите, одбојкарските натпревари со пријатели и исклучително сум љубопитна за сè што е поврзано со Јужна Кореја. Ова е моето прво волонтерско искуство и…

0 Comments

Истражувајќи ја Македонија, пронаоѓајќи се себе си

Точно пред една година, ги предадов сите документи во амбасадата на Македонија во Полска и чекав да добијам привремен престој за да одам во Македонија. Имав измешани емоции околу преселбата во странство на една година и волонтирањето во Волонтерскиот Центар Скопјe (ВЦС). Од една страна, се чувствував возбуден да го променам мојот живот, да запознаам…

0 Comments

Домот што го избрав

Ако ми кажевте само пред пет години дека ќе живеам на Балканот една година, веројатно би помислила дека се шегувате. Не само Балканот туку и во Македонија од сите места на светот - земја за која никогаш не сум слушнала доволно можеби освен карактеристичното црвено знаме со жолто сонце и локацијата на картата што ја…

0 Comments

Повик за волонтери во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект “Volunteering in Lithuania” во Литванија. Место: Вилнус, Литванија Датум: Почеток: август/септември/октомври 2025 (12 месеци) За проектот: Проектот нуди волонтерски можности за неколку организации-домаќини – различни организации имаат различни одговорности и активности. Повеќе информации: 1. Градинка "Mamos delne": 1 волонтер, 1.10. 2025 - 31.09.2026 https://youth.europa.eu/solidarity/opportunity/19255 …

0 Comments

Тимско волонтирање во Турција!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Volunteering in Antalya” во Турција. Место: Анталија, Турција Датум: Група 1: 30.06 - 12.08.2025 ; Група 2: 14.08 - 26.09.2025 (43 денови) За проектот: Волонтерот ќе биде дел од тим од 10 и ќе работи во кампови со деца на возраст…

0 Comments

Don’t Gamble Your Future – „Еразмус+“ искуство што менува живот

Од 20 до 30 март 2025 година, имав привилегија да бидам дел од младинската размена од програмата „Еразмус+“ под наслов “Don’t Gamble Your Future”, што се одржа во Сарата Монтеору, Бузау – мирно рурално место во Романија. Заедно со учесници од Македонија, се приклучивме на млади од Летонија, Литванија, Чешка, Грција, Италија, Шпанија и од…

0 Comments

Тимско волонтирање во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Bridging generations” во Полска. Место: Гдањск, Полска Датум: 3.06 – 23.06.2025 (18 денови) За проектот: „Bridging generations“ е проект кој на учесниците им нуди увид во работата на локалниот волонтерски центар и ги повикува да ко-креираат активности. Волонтерите соработуваат со студенти и…

0 Comments
Read more about the article Добредојде за Касандра од Франција!
Cassandre, France

Добредојде за Касандра од Франција!

Бонжур! Јас сум Касандра, имам 21 година и доаѓам од француските планини. Секогаш се воодушевувам кога водам одлични разговори од кои може да се научи. Ако ви се допаѓа џез музиката и животната филозофија, сигурно е дека ќе се сложуваме. Обожавам да цртам, да свирам пијано и да фотографирам, особено кога има сонце. Дојдов овде…

0 Comments

Меѓу култури, меѓу зборови, меѓу луѓе…

„Кога ќе се тргнеш од познатото, често се враќаш поблиску до себе.“ Понекогаш едно патување знае да ти подари повеќе од само нова дестинација. Ти дава простор да ги поставиш прашањата што си ги носел со месеци, да слушнеш размисли различни од твоите, а сепак толку блиски. И токму такво искуство ми донесе обуката за…

0 Comments

Повик за младинска размена во Хрватска!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „School4Life“ во Хрватска. Место: Новаки (кај Врбовец), Хрватска Датум: 16.07 - 24.07.2025 За проектот: Животот е полн со предизвици, а имањето соодветни вештини ја прави сета разлика! Оваа младинска размена е дизајнирана да опреми…

0 Comments

Повик за обука во Македонија!

Волонтерски Центар Скопје бара 6 учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Mental health matters” во Македонија. Место: Струга, Македонија Датум: 4.04 – 12.04.2025 За проектот: “Mental health matters” е обука за младински работници од 4 земји околу поддршка на младите луѓе на полето на менталното здравје. За повеќе…

0 Comments

Повик за волонтер во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Youth International” во Италија. Место: Фаенца, Италија Датум: Почеток: мај 2025 (6 месеци) Повеќе за проектот: Волонтерите ќе ја поддржат организацијата домаќин и локалната заедница со помош во едукативните проекти (училишни работилници, по училиште или курсеви за барање азил), работилници по комуникација,…

0 Comments

Повик за волонтер во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Local Connections“ во Германија. Место: Бремен, Германија Период: 8.09.2025 – 31.08.2026 За проектот: Главна цел - да ни помогне да изнајдеме нови конекции со други организации во Бремен - училишта, младински домови, иницијативи и организации од културната сфера. Тоа би значело дека вие: ќе се…

0 Comments

Повик за обука во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука „It's up to me“ во Германија. Место: Гарлштед, Германија Датуми: 1-ва обука: 10.06 – 18.06.2025 / 2-ра обука: 21.11 - 26.11.2025 При процесот на селекција, во предвид ќе бидат земени единствено кандидатите што ќе можат да присуствуваат на двете…

0 Comments