Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-30 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „School4Life“ во Хрватска.
Место: Новаки (кај Врбовец), Хрватска
Датум: 16.07 – 24.07.2025
За проектот:
Животот е полн со предизвици, а имањето соодветни вештини ја прави сета разлика! Оваа младинска размена е дизајнирана да опреми учесници со основни животни вештини – работи кои често не ги учиме на училиште, но се клучни за независност и личен раст. Оваа размена е за цел учење преку правење – практични искуства кои ќе изградат доверба, независност и чувство за заедница.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Партнер на проектот: Ocean Znanja
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 8.05.2025
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.