You are currently viewing „Училиштето се среќава со компаниите“

„Училиштето се среќава со компаниите“

По одржувањето на Модул 2 за училишни координатори, кој се имплементираше со физичко присуство, Волонтерски Центар Скопје ги организираше и спроведе завршните модули од проектот „Училиштето се среќава со компаниите“.

Во периодот од 19-27 Август 2021 година, се одржаа тренинзите за училишни координатори наменети за професори од стручните училишта од цела Македонија. Со тренинзите повторно беа вкупно опфатени истите 3 групи на учесници како и претходно, исто со времетраење од 3 дена за секоја група. Обуките ги одржавме уште еднаш со физичко присуство, со почитување на сите законски COVID-19 протоколи, повторно во пријатниот амбиент на хотел Континентал во Скопје.

Овие обуки за промоција на училишни координатори како посредници помеѓу стручните училишта и компаниите каде учениците ја извршуваат практичната работа се дел од проектот „Училиштето се среќава со компаниите“ на австриското Федерално Министерство за образование, наука и истражување, во соработка со нашето Министерство за образование и наука и Центарот за Стручно Образование и Обука. Проектот е од регионален карактер и е во координација на OЕAD-агенцијата за образование и интернационализам од Австрија, а во него се вклучени и Косово и Албанија. Волонтерски Центар Скопје како повеќегодишна партнер организација е задолжена за локалната логистичка поддршка и имплементација на проектот во Македонија.

Проектот „Училиштето се среќава со компаниите“, по кратката пауза поради пандемијата и рестрикциите, успешно влегува во својата завршна фаза и очекуваме многу брзо да биде заокружен со Финален настан и сертифицирање и промоција за првите училишни координатори кои досега земаа учество на обуките.