Petar Stevanovic – One year later: How I changed society

Една година по започнувањето на активностите во рамките на проектот: „European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West Momentum”, организиран од Волонтерски центар Скопје, а поддржан од Европската комисија преку програмите „Ерасмус+“ и „Европските млади заедно“, Петар Стевановиќ од Скопје раскажува како и дали го променил општеството кон подобро.

 

-Целта на мојот проект беше да ја подигнам свеста на јавноста за состојбата во која се наоѓаат нашите планини, реки, езера и излетнички места. Преку организирање на еколошки акции за чистење на животната средина во околните планини, нашиот глас и труд стигнуваше до јавноста. Во текот на проектот направивме и еколошки знаци со пораки за зачувување на животната средина, кои ги поставивме на локациите на кои што чистевме.

Дали тие активности беа најавените од почетокот на проектот или ги менувавте согласно условите?

-Повеќето од активностите беа планирани од почетокот на проектот, но некои од нив ги менувавме во согласност со временските услови, како и условите што ги диктираа рестрикциите од корона кризата.

Каков беше „фидбекот“ на учесниците? 

-„Фидбекот“ беше подобар од очекуваното. На секој настан што го организираше неформалната група „За почиста Македонија“ што настана како резултат на овој проект, учесниците беа задоволни и среќни што се дел од нашите еколошки акции и секогаш изразуваа желба да ни се приклучат на следните акции.

Една година подоцна: Дали вашите активности барем малку го сменија општеството кон подобро?

-Нашите активности со сигурност го сменија општеството кон подобро со самото тоа што мотивиравме многу луѓе да бидат активни во промената која што сакаат да ја постигнат. Не можам да кажам со сигурност дека поради нашите активности – многу други организации и иницијативи се појавија и почнаа со еколошки акции, но по медиумите и социјалните мрежи може да се забележ дека во сите градови луѓето почнаа да се собираат и да организираат еколошки акции за чистење, а со тоа и ја подигнуваат свеста за зачувување на животната средина.

Што недостига за да се подигне општествената свест на сите полиња?

-Недостига формално еколошка едукација каде децата од најрана возраст би учеле како и зошто е важно да се чува природата чиста и што помалку да се уништува за потребите на човекот. Младите генерации мора да бидат бранот на промената…

Дали имате идеја и иницијатива да продолжите со активностите и волонтирањето и по завршувањето на проектот?

-„Имав една идеа, план и визија, пуно љубов, воља и поише од една причина (извадок од песна)“. Секако дека имаме и со задоволство би продолжиле со нашите активности. Никогаш не го ни гледав проектот како краткотрајна активност. Нашата идеја е да дејствуваме во подигнување на свеста преку најразлични активности, покрај регуларните еко-акции кои што ќе продолжиме да ги организираме. Во Македонија е навистина потребна еколошка едукација, а ние сакаме да помогнеме во остварување на таа цел.

Проверете ги социјалните медиуми на „За почиста Македонија“:

https://www.facebook.com/ZapochistaMakedonija/

https://www.instagram.com/za_pochista_makedonija/