You are currently viewing Повик за волонтер во Литванија!

Повик за волонтер во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтер, 18-30 години, од Македонија, за учество на ЕСК проектот “Democratic School” во Вилнус/Тракаи, Литванија.

Место: Вилнус/Тракаи, Литванија.

Датум: Мај 2021- Мај 2022 година

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19!!

 

Повеќе за проектот:

Democratic School е приватно училиште со алтернативен начин на учење наменето за деца на
возраст од 5-15 години. Целта на училиштето е да создаде средина која одговара на социјалните,
емоционалните, интелектуалните, физичките и креативните потреби на децата.
Училиштето спроведува принципи на демократско образование, како што се неделни одделенски
состаноци, а понатаму и училишни состаноци на кои одлуките се носат заеднички.
Тоа е дневно училиште, кое во моментов нуди општо образование за предучилишно и основно
ниво, но има за цел во текот на годините да прерасне во средно училиште.

Клучни принципи:
1) Самоопределено / индивидуализирано учење: наставата е прилагодена на темпото на децата и
структурирана на начин што обезбедува можности за развој на самодоверба, и независност и
помага да се достигнат високи стандарди. Малите одделенија овозможуваат време за посветено
внимание, како и простор и слобода за индивидуално изразување.

2) Заедница за учење заснована на еднаквост и взаемно почитување. Односите во Democratic
school се многу важни. Се цени индивидуалноста на секое дете и децата учат да се почитуваат
себе си и другите и да станат конструктивни членови на училишната заедница.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТ

Партнер на проектот: ESTA Saltes

 

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+ што значи патните трошоци (до 275 евра)  ќе бидат покриени согласно со Ерасмус+ регулативите. Сместувањето, осигурување, пари за храна и џепарлак се обезбедени!

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Напишете го името на проектот во Предмет (пр. Апликација за “Democratic School”)
  3. Претставете се себе си накратко и нагласете за кој проект сте заинтересирани
  4. Прикачете го вашето CV на англиски
  5. Прикачете Мотивациско писмо на англиски, со одговор барем на сл. прашања:
    • Кои сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како можете да допринесете за проектот

Краен рок за аплицирање: 11.04.2021

Апликантите ќе бидат известени после крајниот рок за аплицирање кога ќе се финализира селекцијата на кандидатот.

Ги очекуваме вашите апликации!