You are currently viewing Работилница за проектот „PeerAct“

Работилница за проектот „PeerAct“

Пријавете се на работилницата уште денеска и дружете се додека учите нешто ново!

За кого? За сите што се заинтересирани
Возраст: 14-25 години
Каде: ОУРЦ “Д-р Златaн Сремец”, Скопје
Кога? 27.06 – 01.07.2022, 12:00-16:00 или 05.07. – 08.07.2022,12:00-16:00 (одберете датум)
Што очекуваме од вас? Целосна достапност за време на работилниците

Дали некогаш сте се соочиле со дискриминација или нетолеранција? Повеќето млади луѓе се имаат соочено, најчесто поради нивната религија, пол, етничка припадност, раса, попреченост, сексуална ориентација или едноставно затоа што не се вклопуваат.

Придружете се на нашата работилница за да разговараме и да дознаете нешто повеќе за идентитетот, различноста, предрасудите и социјалната интеракција.

Обезбедени се закуски, пијалоци, сертификати и неверојатна атмосфера!

Како да аплицирате?

Пополнете го формуларот за апликација —> Формулар за апликација