You are currently viewing Повик за волонтери во Португалија !

Повик за волонтери во Португалија !

Волонтерски Центар Скопје е во потрага по волонтери, 18-30 години, од Македонија за учество на Тимски Волонтерски Проект „Шумата е нашиот Дом“ во Португалија.

Место: Арокелас, Рио Мајор, Португалија
Датум: 26.7.2022 – 26.8.2022 година

За проектот:

Волонтерите ќе учествуваат во неколку работни активности на креирање, одговорност, како и дружење и интеракција со локалното население од Арокелас. Тоа е проект кој има за цел да помогне на нашето село во зачувување на околната шума и да спречи пожари.

Актиностите кои треба да се спроведат вклучуваат:

  • Одржување на јавниот простор кој е под одговорност на H2O (кулата за надзор на пожари, селската фонтана, Црквата и руралните патишта).
  • Организирање камп за сите учесници.
  • Организација и одржување на надзорни рути.
  • Учество во смени за шумски надзор во караулата.
  • Креирање на фејсбук страница која ќе служи како дневник за спроведените активности и ќе се ажурира од учесниците.
  • Учество и промоција на работилници/урбана уметност/симулации/преставување поврзано со свесноста за спречување пожари и промоција на добрите практики за зачувување на шумата.

За повеќе информации: ТУКА
Партнер на проектот: H2O

Технички детали: Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 360 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

 Краен рок за аплицирање: 07.07.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.