You are currently viewing Нова волонтерка од Франција: Добредојде, Клои!
Chloe, France

Нова волонтерка од Франција: Добредојде, Клои!

Здраво, јас сум Клои, имам 22 години и доаѓам од Ле Манс, Франција. Студирав социологија, историја и археологија. Не знаев што да изберам за магистерска па се решив да се вклучам во француската Граѓанска Служба и така наидов на ВЦС. Па еве сум тука, на 10 месеци и сум возбудена да ја започнам оваа нова авантура.

Оваа волонтерска мисија е многу важна за мене зошто сакам да бидам корисна и да работам на многу проекти со сите волонтери. Во наредните 10 месеци ќе одам во Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари и ќе изведувам активности со нив. Моја друга задача ќе биде и списанието ВОИСЕС и пишување текстови на различни теми. Среќна сум што ќе учествувам во ВЦС преку овие активности, да истражам различни проекти и запознаам нови луѓе.

Да се вратам малку за себе, страст ми се историја и археологија. Сакам да одам во кино и да следам серии… Слушам доста различни типови на музика како француски поп или рап и свирам малку на гитара. Сакам и да готвам. Понекогаш и читам но секогаш почнувам нова книга пред да ја завршам старата. Јас сум личност што сака постојано да биде ангажирана во социјални асоцијации во Франција.

Возбудена сум да ја истражам Македонија и луѓето и мислам дека имам многу од тоа да направам. Сакам да ја видам земјата и прекрасните предели. Ова искуство за мене е голем предизвик и едвај чекам да го направам. Ова е извонредна можност и ќе уживам во тоа најмногу што можам!

Клои Ле Кер