You are currently viewing Запознајте го Жоаким, нашиот нов волонтер од Франција

Запознајте го Жоаким, нашиот нов волонтер од Франција

Здраво!

Моето име е Жоаким. Имам 19 и доаѓам од Франција. Живеам во Франција од раѓање но пропатував многу за време на моето детство. Веќе ги имам посетено Грција и Словенија но кога пристигнав во Македонија открив една многу поразлична земја. Ова се однесува подеднакво за пејзажот и за урбаното уредување.

Во Франција живеам во мало гратче кое се вика Фласан близу до Авињон, помеѓу Средоземното Море и Алпите. Во слободно време сакам да гледам филмови и слушам музика. Во градот кадешто живеам повремено играм и фудбал во попладневните часови, а потоа излегувам во некој бар во вечерите. Во Париз започнав студии за политички науки на почетокот на годината но не ми одгавараа баш, па затоа ќе започнам студии за недвижности следниот Септември.

Сакав да пробам нешто многу поразлично пред да започнам со студиите. Навистина ми беше потребно да патувам некаде после Covid-19 пандемијата па волонтирањето беше првата идеја која ми дојде на памет. Мислам дека тоа е еден од најдобрите начини да се патува кога си млад зошто така имате прилика со патување во друга земја да запознаете многу луѓе од различни делови на светот. Така ќе ја подобрите својата самостојност и нивото на англискиот јазик. Тоа го почувствував уште од првите моменти на моето пристигнување во ВЦС. Сите се пријатни со тебе и се чувствуваш сигурен и комотен, веднаш штом ќе пристигнеш, дури и да не сте, како што сум јас, многу друштвена личност.

Жоаким Рено