You are currently viewing Добредојде за Нурада од Франција

Добредојде за Нурада од Франција

Здраво!

Моето име е Нур, имам 20 години и доаѓам од Марсеј во Франција.

Моето доаѓање во Македонија е дел од моите студии да го подобрам англискиот јазик кој и не е така лош но јас повеќе сум навикната да пишувам отколку да го зборувам.

Сакам да патувам, ова ми е првпат во Балканските земји, па сум нестрплива да ги посетам околните градови и земји. Одбрав да дојдам во Македонија поради мојата мисија, да пишувам за списание е навистина одлично искуство бидејќи многу сакам да читам и пишувам па така ова е совршена прилика за мене.

Повеќе сакам да патувам сама зошто тоа ми овозможува да се откривам себе си, истовремено додека ги откривам другите земји. Ова е мое прво волонтерско искуство (но нема да биде и последно), па затоа сакам да уживам целосно. Овде сум веќе една недела и се чувствувам топло пречекана од сите околу мене.

Настрана од сето тоа, јас сакам да запознавам нови луѓе но истовремено сум сингле (малку контрадикторно но тоа е мојата личност). Сакам да поминувам време дома, да читам, готвам или да слушам добра музика.

Нур Чафаи