You are currently viewing „L’apéro“ во Франција

„L’apéro“ во Франција

Откако минатата година беше на два проекта во Франција, нашата Вероника одлучи дека и нејзиниот ЕСК-проект треба да го реализира во таа земја. И на истото место. Па, така, Ле Буизон е нејзин дом веќе два месеци. И ќе биде речиси до крајот на годината. Во продолжение да ги слушнеме нејзините впечатоци:

„Работиме на проекти и работилници со локалното население од околината. Исто така, имаме шанса да работиме и на лични проекти, на страна од волонтирањето. Лично мене, омилен дел ми е l’apéro (l’apéritif). Често по договор или по завршување на некој проект со локалците доаѓа моментот на аперитив. Тоа претставува собиранка од тип каде секој приготвува или купува храна и пијалоци и се собираме заедно на еден голем ручек или вечера. Замислете го тоа како слава во Македонија каде наместо домаќинот да подготвува се, секој што доаѓа носи по нешто што подоцна го делиме.

Претходната недела патувавме на Алпите (Вонијер), каде се наоѓа друга делегација од истата организација во која припаѓа и Sem&Vol (мојата делегација). Таму престојувавме пет дена заедно со волонтерите на сите делегации од таа организација (Solidarités Jeunesses), што ни овозможи да ги запознаеме останатите волонтери што се наоѓаат на различни локации низ целата територија на Франција и да добиеме увид за нивната работа во делегациите.

Ова волонтирање ми овозможи (и се уште ми овозможува) да се запознаам со многу други култури и начин на живеење целосно различен од тој со кој до сега сум била запознаена. Очекувам уште многу настани и промени кои допрва треба да дојдат.

Вероника Петрова