Европската младина на фронтот на активното граѓанство

„Европската младина на фронтот на активното граѓанство: Патоказ кон колективен Јужен-Северен-Источен-Западен моментум“. е проект организиран од Волонтерски Центар Скопје и поддржан од Европската Комисија преку програмите на „Еразмус +“ и „Европската младина заедно“ (“European Youth Together”). Вкупно 25 учесници од 5 европски држави (5 учесника од секоја од државите Македонија, Шпанија, Кипар, Данска и Романија) на возраст под 28 години, беа избрани да го променат општеството.   

Како? Преку нивните лични идеи и иницијативи кои ќе ја зголемат свесноста за почиста животна средина, здравјето и благосостојбата, културата и наследството, социјалните и проблемите во заедницата, образованието и животниот процес на учење. За целта на планираните активности, секој учесник доби буџет од 1000 евра.

Како дел од проектот, на почетокот на 2020 година, два значајни настани беа организирани во Скопје. Во периодот од 12 до 19 февруари се одржа подготвителен состанок помеѓу координаторите на петте партнерски земји, додека пак, тренинг курсот на селектираните 25 учесници беше одржан од 11 до 20 март.

Финалната конференција планирана за ноември 2020 година, каде реализираните проекти требаше да бидат презентирани, беше одложена поради пандемијата и реализирана од 29 мај до 6 јуни годинава.

Партнерите на ВЦС во проектот се:  „Asociación Mundus” од Шпанија, „Citizens in power” од Кипар, „EUCMC” од Данска и „Young Europe Society” од Романија.

„Changemakeri“ во Македонија

Петте млади лица кои зедоа учество во проектот и ги имплементираа нивните лични проекти.

Прочитај повеќе