You are currently viewing мисија во Дневниот центар во Шутка: Аида

мисија во Дневниот центар во Шутка: Аида

Моето име е Аида, имам 24 години и доаѓам од Хаумонт – мал град на северот од Франција. Ја завршив последната година на студиите по култура и наследство. Решив да направам пауза во студиите и да му служам на францускиот граѓански сектор, па токму поради тоа и сум тука! Навистина сакам да работам со децата од Шутка. Накратко за себе: Ми се допаѓа корејската култура (препорачувам К-драма или К-поп)… Сакам „Фанк“ музика, се трудам да цртам, иако морам да признаам дека не сум доволна добра! Сакам и да готвам, слабост ми се француската и алжирската кујна.

Се надевам дека ќе поминам квалитетно време во Македонија и ќе стекнам поголема самодоверба. Секако, и да им помогнам на децата во Шутка!