You are currently viewing ЕВС во ВЦС: Рамона

ЕВС во ВЦС: Рамона

Име: Рамона
Земја: Чешка Република
Времетраење на проектот: 25.09.2012 – 25.6.2013 Ahoj (Здраво)! Ме викаат Рами и дојдов од Чешка во Скопје за да помогнам и да се стекнам со нови искуства. Живеам во мал град наречен Jablonec nad Nisou кој е опкружен со планини а во текот на учебната година живеам во Прага која е повеќе или помалку колку Скопје. Значи ова место за мене е како комбинација на мојот роден град и главниот град и ми се допаѓа многу. Македонија беше вистинскиот избор за мене затоа што сум била многу пати во Западна Европа, но секогаш бев љубопитна за балканската култура и традиција бидејќи кога се сретнав со некои балкански народи се чинеше како да има нешто посебно што ние немаме и сакав да го доживеам тоа. Да се биде ЕВС е за мене како можност да се научат нови работи и во исто време да им се помогне на другите. Го одбрав овој проект, бидејќи се уште не знам што точно сакам да направам во мојот живот а секогаш сакав да знам како е да се направи едно списание и сакам да дизајнирам а и имам некои приказни што сакам да ги кажам. Па сакав да пробам додека се уште немам сериозна работа. Другата активност, која е посета на ромските деца, е навистина посебна за мене, бидејќи немам искуство со грижа за деца и вака можам да научам од ова многу. Среќна сум што овој проект вклучува дури и учење македонски кој изгледа како забава, бидејќи има специјални писмо. Не можам да дочекам да ги користам моите вештини и креативност за да направам нешто за другите, а можеби и да им го направам животот посреќен.