You are currently viewing Повик за младинска размена во Србија!

Повик за младинска размена во Србија!

Волонтерски Центар Скопје бара 6 учесници (18-30 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во Младинската размена „YOUth for EU Green Deal!“ во Србија.

Место: Jазак, Србија
Датум: 24.6 – 2.7.2022

За проектот:
В периодот од 24 јуни до 2 јули годинава, оваа младинската размена ќе собере 30 млади луѓе од 5 земји: Србија, Македонија, Хрватска, Бугарија и Романија, кои во Центарот за рурален развој CERUDA ќе разговараат зашто ЕУ Зелениот договор е важен за иднината на Европа и на целиот свет, како и за начините преку кои поединечно ќе учествуваме во постигнувањето на неговите цели.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Environment Engineering Group

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “YOUth for EU Green Deal“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

 

Краен рок за аплицирање: 1.6.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.