You are currently viewing Повик за обука во Грција!

Повик за обука во Грција!

Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (18+ години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обуката за проектот: “Fight Against and Prevention of Sexual Cyber-Bulling and Sexting“ во Грција.

Место: Неа Макри, Грција
Датум: 16.6-25.6.2022

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: NVO PRIMA

Обука: “Fight Against and Prevention of Sexual Cyber-Bulling and Sexting” во рамките на Еразмус+ проектот  “It has to be love” кој има за цел да ги едуцира младинските работници, проектниот тим или искусни волонтери во однос на превенција од сексуално сајбер-малтретирање и секстинг.

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.  

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Fight Against and Prevention of Sexual Cyber-Bulling and Sexting“)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 02.06.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.