You are currently viewing Повик за волонтирање во Турција!

Повик за волонтирање во Турција!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 волонтери за учество на краткорочен (двомесечен) ЕСК проект под наслов: “Join our Intergenerational Journey 2020” во Анкара, Турција.

Место: Анкара, Турција

Датум:
Прва група: почнувајќи од средината на октомври 2021 година – 2 волонтери
Втора група: почнувајќи од почетокот на декември 2021 година – 2 волонтери

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со „Ковид-19“.!!

Повеќе за проектот:

Волонтерите ќе бидат одговорни за подготовка на активности на Универзитетот (Ankara Social Innovation Youth Center). Тие ќе помагаат во канцелариската работа, ќе ги промовираат активностите на социјалните медиуми и ќе пишуваат написи за месечниот магазин „Youthtelegraph“. Други задачи вклучуваат: работа со бегалци, работилници во Центарот за лица со посебни потреби, настани за чистење на животната средина и онлајн активности како што се вебинари и дебати. Волонтерите, исто така, ќе имаат простор за спроведување на нивните идеи, проекти и активности.

За повеќе информации:  INFOPACK

Организација-домаќин: System and Generation Association – S&G (Турција)

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Обезбедени се и сместување, осигурување, храна и џепарлак.

Како да аплицирате?

  1. Испратете маил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Напишете го насловот на проектот во насловот (на пример: Волонтер од Македонија, “Join our Intergenerational Journey 2020”)
  3. Претставете се накратко и посочете кој проект ве интересира
  4. Приложете го вашето CV на англиски јазик
  5. Приложете мотивациско писмо на англиски јазик, одговарајќи барем на следниве прашања:
  • Кој си ти?
  • Колку години имаш?
  • Зошто сакаш да учествуваш?
  • Како ќе допринесеш за проектот?

!!Краен рок за аплицирање: 24.09.2021!!

Апликантите ќе бидат известени после крајниот рок за аплицирање кога ќе се финализира селекцијата на кандидатот.
Ги очекуваме вашите апликации!