You are currently viewing Повик за волонтери во Хрватска!

Повик за волонтери во Хрватска!

Волонтерски центар Скопје бара 2 волонтери (18 – 30 години) за учество во долгорочниот ЕСК-проект: “Environmental education and awareness raising activities” во Хрватска.

Место: Сплит, Хрватска
Период:  01.11.2021 – 01.11.2022 (еден волонтер)

01.12.2021 – 01.12.2022 (еден волонтер)

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со ,,Ковид-19”, како и ограничувањата што одредени земји ги имаат за влез на македонски државјани.

За проектот: Проектот се фокусира на заштита на животната средина, зачувување на природата и одржлив развој. Целта е да се поттикнат младите за активно учество во заштитата на животната средина.

Повеќе информацииInfopack

Проект партнер: Sunce

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по хрватски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Environmental education and awareness raising activities
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

 Краен рок за аплицирање: 28.09.2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.