You are currently viewing Добредојде во ВЦС за нашето ново шпанско трио:  Андреа, Мигел и Елена!

Добредојде во ВЦС за нашето ново шпанско трио: Андреа, Мигел и Елена!

Во неделата попладне, тројца студенти од Шпанија слетаа во Скопје. Нашите нови пријатели ќе имаат можност да бидат на пракса во спортскиот центар “Мој Тренер” и туристичката агенција „Арботравел“ во рамките на програмата „Еразмус+“ –  Стручно образование и обука (ВЕТ). Волонтерски Центар Скопје е горд што ќе биде нивна организација домаќин.

Како изгледаше нивниот прв ден тука? Тимот за добредојде на ВЦС не можеше да дочека понеделник, па уште вечерта ги однесовме на кратка прошетка до центарот на Скопје. Им го покажавме нашиот прекрасен град и ги споделивме советите за брзо адаптирање на локалниот живот.

Што ни рекоа тие за себе? Да ги запознаеме Андреа, Мигел и Елена:

Андреа, 21

Андреа е од Барселона. Таа дипломирала туризам. Во Скопје, таа ќе работи во Туристичката агенција „Арбо“ во следните два месеци. Андреа смета дека ова практикантство ќе и даде одлична можност да го постигне својот сон да стане стјуард. Што прави таа во слободното време? Можете да ја најдете како танцува во стилот на Боливуд и јава на коњ. Андреа сакаше да дојде во Македонија бидејќи сака да пробува нови работи. Ова е нејзин прв подолг престој во странство. Нејзиниот прв впечаток за Скопје? „Има толку многу споменици насекаде“. Андреа се надева дека ова искуство ќе и донесе еден куп спомени. Таа, исто така, се надева дека може да расте како личност, да ги подобри јазичните вештини, да посетува места и да јаде традиционална храна.

Мигел, 22

Мигел е од Логроњо и во Скопје ќе престојува три месеци. Студира Физичко образование. Мигел ќе работи во спортскиот центар „Мој Тренер“. Во претходните три лета, тој работел како спасител на плажа. Сака да гледа ТВ-серии, да спортува, да танцува или да слуша музика во слободно време. Неговите омилени емисии се Prison Break, The 100 и Game of Thrones. Зошто ја избра Македонија? Балканот, особено Македонија, го привлече неговото внимание одамна. Пред ова патување, Мигел беше во Италија две недели. Тој смета дека Скопје е поинаков град од останатите што ги видел. Тука веќе се чувствува како дома. Мигел се надева дека ќе запознае нови луѓе, ќе види многу места во балканските земји и ќе доживее нови култури.

Елена, 27

Елена му е сестра на Мигел. Таа студира физичко образование. Овде, во Скопје, таа ќе работи на пракса во спортскиот центар „Мој тренер“. Во слободно време, Елена сака да танцува, да игра кошарка и да се забавува со своите пријатели. Елена сака да истражува нови места, па затоа не се двоумеше пред да ја прифати понудата да дојде во Македонија. Дури и ако тоа е нејзиниот прв долгорочен престој во друга земја и Скопје е многу поразлично од нејзиниот роден град, таа е возбудена да патува, да запознава нови луѓе и култури и да стекне неверојатно искуство на работа.