You are currently viewing Повик за волонтери во Романија!

Повик за волонтери во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов “Eastern Partnership Volunteering Program” во Романија.

Место: Букурешт, Романија
Период: јуни – јануари 2023 (7 месеци)

За проектот:

Секој месец, тимот на COSI ќе избере тема, согласно со календарот на ОН, поврзана со човековите права, солидарност, волонтерство, активно граѓанско учество, инклузија, меѓукултурно прифаќање, толеранција и сл. Организирање активност од минимум 7 минути како настан, работилница, обуки, креирање на содржини за видеа, постери, упатсва, брошури и сл.

Интеркултурни вечери: Секој волонтер ќе организира интеркултурна вечер во која ќе ја претстави својата земја. Во текот на една или повеќе кампањи, облека, храна, средства за хигиена, школски прибор и за други основни потреби ќе бидат дистрибуирани на бездомници, фамилии со помалку можности, сиропиталишта и други. Промовирање на човековите права, почитување на различностите и толеранција, инклузија и борба против стереотипи, предрасуди и дискриминација.

Повеќе информации: Инфопакетот

Проектен партнер: ”Civic Orientation And Social Integration”

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по романски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 16.5.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.