You are currently viewing Повик за волонтери во Сицилија, Италија!

Повик за волонтери во Сицилија, Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „High Road” во Сицилија, Италија.

Место: Сицилија, Италија
Датум: 04.06.2023 – 03.08.2023 (9 недели)

За проектот:
За време на проектот, ќе се придружите на тимот од 43 волонтери и ќе работите и живеете во руралните области на Сицилија, зголемувајќи ја свеста за здравствената превенција и здравиот и позитивен начин на живот, притоа користејќи ги алатките на неформалното образование.

Ова е проект за тимско волонтирање, па затоа отворен е и за оние кои биле на долгорочен ЕВС/ЕСК проект.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Strauss APS

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Аплицирај преку: https://youth.europa.eu/solidarity/placement/33433_en

Краен рок за аплицирање: 10.05.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.