You are currently viewing Повик за волонтери во Луксембург!

Повик за волонтери во Луксембург!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „Discover Luxembourg 2.0”.

Место: Луксембург
Датум: 4.06 – 4.07.2024 (4 недели)

За проектот:
Главниот фокус на овој проект е инклузијата. Преку планираните активности учесниците ќе го научат разбирањето на инклузијата на лицата со попреченост и како може да се живее. Друга цел на овој проект е запознавање на Луксембург и откривање на нашите заеднички европски вредности преку уметнички активности.

Ова е проект за тимско волонтирање, па затоа отворен е и за оние кои биле на долгорочен ЕВС/ЕСК проект.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Service volontaire

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го ВЦС формуларот за апликација на англиски јазик —> ВЦС формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 27.03.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.