ПОВИК ЗА ИЗГРАДБА НА КАМПОТ ПЛОШТАРТ НА Д ФЕСТИВАЛ

ПОВИК ЗА ИЗГРАДБА НА КАМПОТ ПЛОШТАРТ НА Д ФЕСТИВАЛ

Д Фестивал од година в година е се’ поголем и цели кон тоа да изгради еден сосема поинаков
свет! На него му е потребна мнооогу голема грижа и љубов, а особено луѓе кои сакаат да го
изградат според своите соништа. Со над 80 артисти во својата музичка програма, а со ПлоштАрт,
градот со над 100 активности кои се растегаат од секакви искуства и авантуристички доживувања
до креации со голема љубов и имагинација – фестивалот е вистински епицентар на едно
незаборавно летно доживување.

Дали сакаш да си дел од креаторите на таквото доживување и да помогнеш да се оствари и да им
донесе на сите тие луѓе еден куп спомени со кои цела зима ќе бидат топли?
Отвораме повик и можеби си ти вистинскиот волонтер кој ќе му даде душа и срце на Д, а ќе си
земе за себе едно искуство – многу скапоцено и драго.

Старт: 1-ви јули 2019
До: 12-ти јули 2019

Начин на пријавување: испратете го вашето име, вашата возраст и кратко мотивационо писмо на vcs_contact@yahoo.com

Што вклучува работата:
Изградба на фестивалскиот камп и декорација
Физички активности кои вклучуваат: кревање и поставување на огради, носење тешки работи,
средување на фестивалскиот простор, чистење, работа со дрво (ковање, сечење даски, лепење со
силикон), фарбање на палети, изградба на дрвени површини.
Чистење и рециклирање – ЕКО ПАТРОЛА
Средување на просторот, чистење и рециклирање на отпадоците. Водење на ЕКО патрола помеѓу
посетителите на фестивалот.
Организацијата покрива:
-Транспорт (Скопје-Дојран / Дојран-Скопје)
-Сместување (пред фестивалот спиењето е во тврда градба, за време на фестивалот се спие
во шатор – значи мора да се донесе лична опрема за кампување)
-Храна
-Фестивалска влезница за 3 денови
-Д Фестивал маичка
-Вода
Работните часови се од 08:00, со пауза од 13:00 до 15:00, и потоа до 21:00.