You are currently viewing Повик за волонтер во Полска!

Повик за волонтер во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија, за учество на 11-неделниот ЕСК проект “Open Yourself for volunteering” во Полска.

Место: Гдањск, Полска
Датум: 30.09 – 15.12.2022

За проектот:
Ако сте подготвени за акција, сакате да работите со луѓе, отворени сте за различни задачи и сакате да помогнете во секојдневните активности на организацијата, овој волонтерски проект е за вас.

Главни одговорности:
-Креирање содржини за социјалните медиуми, веб страницата, графичко дизајнирање
-Координација на различни волонтерски активности
-Поддршка во организација на Европска Волонтерска Престолнина за 2022 година
-Формирање на волонтерски групи во училиштата

За повеќе информации: ТУКА
Партнер на проектот: Wolontariat Gdańsk

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 15.09.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.