You are currently viewing Повик за идеи за создавање подобра заедница | Skopje SOUP

Повик за идеи за создавање подобра заедница | Skopje SOUP

“Skopje SOUP” доаѓа по трет пат и тоа во Струмица. Дали имате идеја преку која би решила дел од проблемите со кои се соочувате во општеството? Ако сакате да преземете акција и да се приближите до вашата заедница, продолжете да читате.

Концептот SOUP, создаден во САД, сега се прошири во речиси 200 градови низ светот. Целта е да се создаде заедница на поддршка преку луѓе кои ќе донираат и гласаат за проект што треба да се финансира за да заживее. ВЦС, овојпат, ќе го организира „ивентот“ во Струмица на 6 октомври годинава заедно со “Europe House”.

Едноставно, како функционира?

Публиката ќе донира симболичен хонорар од 100 денари при влезот на настанот.
Говорниците ќе ја претстават својата идеја за подобрување на заедницата, сите имаат по 4 минути.
Публиката гласа за најдобрата идеја – победникот ги добива собраните пари.
Ќе ве послужиме со супа (чорба) и имаме можност да се сретнеме, да се запознаеме и да ги размениме нашите идеи. Оваа точка е срцето на SOUP, за да најдете пријатели и можни партнери за вашиот проект, да се дружите и да ја запознаете вашата локална заедница!

Бидете говорник

Ова е местото каде што влегувате со вашата идеја за да направите промена. Можеби со ставање повеќе корпи за отпадоци низ вашето соседство или со креирање денови за игра за повозрасните? Изборот е твој. Ќе имаш 4 минути да ја претставиш својата идеја пред публиката. Возраста или националноста е неважна, само погрижете се да бидете во Струмица на 6 октомври. Ќе биде обезбеден превоз од Скопје.

Аплицирајте со формуларот овде | Краен рок за пријавување 26.9.2022