You are currently viewing Повик за обука во Македонија!

Повик за обука во Македонија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во обука „Keep dreaming“ во Македонија.

Место: Струга, Македонија
Датум: 23.10 – 28.10.2023

За проектот:
Дали сте заинтересирани да ја подобрите вашата ментална благосостојба додека учествувате во различни активности? Придружете се на обуката „Keep dreaming“, дизајнирана да го подобри социјалниот ангажман и волонтерските искуства на младите во иницијативите во заедницата, а истовремено да го зајакне нивното ментално здравје.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнери на проектот: Volunteers Centre Skopje, Fundación Plan B Educación Social, Idee In Movimento, InterMediaΚT

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 08.10.2023 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.