Волонтерски Центар Скопје е во потрага по 7 учесници (16-23 години) од Македонија кои сакаат да учествуваат во проектот “Peer Act“. Првиот тренинг “Thematic Awareness Training (TAT)” ќе биде онлајн, како дел од комплетниот ЕПТО тренинг циклус.
Место: ОНЛАЈН
Датуми:
Првиот дел од проектот “Thematic Awareness Training (TAT)”, е предвиден за четири различни групи кои откако ќе бидат избрани, ВЦС ќе ги распореди учесниците по групи зависно од вашето слободно време.
1-ва мобилност – 20.06.2021 – 26.06.2021 година/3 учесника
2-ра мобилност – 12.07.2021 – 18.07.2021 година/3 учесника
3-та мобилност – 19.07.2021 – 25.07.2021 година/3 учесника
4-та мобилност – 26.07.2021 – 01.08.2021 година/3 учесника
! Можни се измени во проектните датуми зависно од моменталната ситуација со COVID-19!
Младите луѓе во земјите-учесници покажуваат дискриминација и нетолеранција кон нивните врсници (на основа на религија, пол, етничка припадност, раса, попреченост, сексуална ориентација или едноставно не одговараат на овие социјални сфаќања). Нашето решение е да се издигне скалило погоре имплементацијата на “A world of difference –AWODTM”, тренинг програма за непристрасност.
70 учесници ќе го поминат тренингот во 4 групи водени од 2 сертифицирани тренери/група од 25+ учесници. Тренингот ќе биде според AWOD педагошкиот програм кој е насочен кон:
-развој на самосвесност за личниот и културен идентитет на учесниците
-стекнување на почит кон социо-културната разноликост
-развивање на емпатија, критичко размислување и комуникациски вештини
-согледување на сопствените и туѓите стереотипи и предрасуди и нивните облици
-преиспитување на сопствените улоги во повторување или соочување со дискриминацијата
-идентификација на личните или групни активности за промени
-пренесување понатаму и ширење на придобивките
Во следните месеци што следуваат по ТАТ, за да се биде сертифициран од ЕПТО како “Peer Certified” учесниците треба да организираат кратка работилница против дискриминација во нивните заедници (најмалку 6 часа), со употреба на методологијата од тренинзите.
Потоа 5-дневен настан ќе се одржи во Македонија, во есен 2021 година, со сите оние учесници кои во заедницата ги реализирале кратките работилници. 70 учесници ќе поминат тренинг од 5 дена во 3 групи водени од 2 сертифицирани тренери/група од 25+ учесници.
Помеѓу тренинзите во Македонија и Белгија учесниците ќе треба да спроведат локални работилници во траење од најмалку 25 часа.
Третиот и последен тренинг ќе се одржи во Брисел, Белгија, во летото 2022 година. 50 учесници од почетната група кои покажале најдобри резултати во последователните активности од Ц-2 (локална имплементација) и исто така, соодветна мотивираност, ќе поминат тренинг од 5 дена водени од 2 сертифицирани тренери/група од 25+ учесници.
На крај на тренингот учесниците ќе добијат EPTO AWOD прирачник за врснички тренери и ќе бидат сертифицирани (“Peer Certified”), што ќе им овозможи да фасилитираат подолги работилници за промоција на недискриминација, толеранција, солидарност и еднаквост, кога че се вратат дома помеѓу младите.
Сите мерки на претпазливост и препораки во врска со COVID-19 ќе се почитуваат!
Повеќе информации: инфопак
Проектен партнер: ЕПТО, Белгија https://epto.org/
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС+. Сите македонски учесници ќе бидат заедно за време на онлајн тренинзите за кои ќе бидат назначени.
Како да се пријавите?
- Испратете емаил на vcs_contact@yahoo.com
- Напишете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Peer Act”)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект аплицирате
- Прикачете го вашето CV на англиски
- Прикачете мотивациско писмо на англиски, со одговор барем на сл. прашања:
-Кој сте вие?
-На која возраст сте?
-Зошто сакате да учествувате?
-На кој начин ќе придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 05.06.2021 година
Апликантите ќе бидат известени после крајниот рок кога изборот ќе се направи.