You are currently viewing Повик за младинска размена во Романија!

Повик за младинска размена во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 8 учесници/волонтери и 1 лидер на групата од Македонија кои сакаат да учествуваат на младинска размена “Break a leg!”.

Место: Costinești, Romania
Датум: 5.06-24.06.2021

!! Можни се измени во однос на датумот на одржување на проектот зависно од актуелната COVID-19 ситуација !!

Повеќе за проектот:
Целите на оваа Младинска размена е да им се даде можност на учесниците да работат во интеркултурен ансамбл, да развиваат компетенции во усното изразување и механизмите за изразување, да развиваат разбирање во психолошката и моралната анализа на карактерот и да ги научат елементите на драматургија и продукција, да се здобијат со вештина да изведат театарска претстава од самиот почеток, во која ќе бидат вклучени сите учесници, да се одигра претставата пред публика во живо и да се сними како продукт за ДЕОР.

Повеќе информации: INFOPACK

Партнери на проектот: ISZOSZ (Унгарија), Ingens Risus (Романија), Obciansky Spolok (Словачка), ICDET (Бугарија)

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразсмус+, значи сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени согласно со Еразмус+ регулативите. Сместувањето и храната се обезбедени.

Како да се пријавите:

1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во Предмет (пр. Апликација за “Break a leg!“)
3. Претставете се накратко и истакнете за кој проект сте заинтересирани
4.
Приложете го вашето CV на англиски
5.
Приложете го вашето Мотивациско писмо на англиски со одговор на следните прашања:

• Кој сте вие?
• На која возраст сте?
• Зошто сакате да учествувате?
• На кој начин ќе допринесете за проектот?

Краен рок за пријавување: 28/05/2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.