You are currently viewing Повик за обука во Португалија!

Повик за обука во Португалија!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Know yOUR rights!” во Португалија.

Место: Арокелас, Португалија
Датум: 01.10 – 09.10.2022

Согласно со побарувањата на организацијата-домаќин, проектот побарува учесниците да бидат целосно вакцинирани.

За проектот:
Општата цел на обуката е да ги обучи младинските работници да бидат способни да измислуваат и користат креативни и иновативни методи и алатки за младинска работа со цел да го зголемат знаењето, разбирањето и свеста кај младите луѓе за важноста на ЕУ и да придонесат за борбата против популистичките движења.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот:  H2O – Associação de Jovens de Arrouquelas

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 360 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 21.08.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.