You are currently viewing Повик за обука во Унгарија!

Повик за обука во Унгарија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Act it Out!” во Унгарија.

Место: Дебрецен, Унгарија
Датум: 21.10-30.10.2022

За проектот:
За време на обуката за проектот: “Act it Out”, учесниците ќе ги запознаат методите на „Театарот на угнетените / Theatre of the Opressed“ (најчесто tеатар со слики, Форум-театар и tеатар за весници) и ќе научат како да ги користат во своите заедници за да иницираат социјални промени и да помогнат во вклучувањето на ранливите групи млади.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Hang-Kép Egyesület

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 11.09.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.