You are currently viewing Повик за младинска размена во Германија

Повик за младинска размена во Германија

Волонтерски Центар Скопје бара 6 учесници (18-30 години) и 1 лидер (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Trailblazers: Learning With Nature“ во Германија.

Место: Берн, близу Бремен, Германија
Датум: 17.07 – 26.07.2026

За проектот:
Живеејќи заедно во кампот, учесниците ќе поминат неколку дена на отворено, со ангажман во разновидни спортови и групни активности, откривајќи како движењето, тимската работа и директниот контакт со природната средина можат да ја подобрат нивната физичка и ментална благосостојба.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: NaturKultur

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 04.06.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.