You are currently viewing Повик за волонтери во Португалија!

Повик за волонтери во Португалија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија, за учество на долгорочен (6 мецеци) ЕСК проект “Volunteering in Águeda” во Португалија.

Место: Агеда, Португалија
Датум: 03.01 – 02.07.2023 или 01.04 – 28.09.2023

За проектот:
Дали сте заинтересирани за солидарност, различни култури и волонтирање? Дали сакате да работите со деца и со локалната заедница? Дали отсекогаш сте сакале да ги запознаете португалската култура и начин на живот? Псиентифика, организација од Агда, Португалија, ве повикува на долгорочен ЕСК проект поврзан со младите.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Psientífica Association

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 360 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 13.09.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.