You are currently viewing Повик за обука во Полска!

Повик за обука во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара 6 учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Youth Trainers Academy” во Полска.

Место: Закопане, Полска
Датум: 09 – 15.10.2022

За проектот:
Youth Trainers Academy/Младинската Академија за Обуки е обука посветена на младински работници и млади обучувачи за да се здобијат со нови вештини и знаења како би можеле да организираат и водат различни работилници и обуки наменети за млади луѓе-посебно на полето на активно учество и европските вредности.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Europa Iuvenis

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 04.09.2022 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.