You are currently viewing Повик за Младинска размена во Торино, Италија!

Повик за Младинска размена во Торино, Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 млади учесници и 1 младински лидер од Македонија кои сакаат да учествуваат на младинската размена “I LOVE YOU… RBAN”.

Место: Торино, Италија

Датум: 7.08 – 15.08 2021

Можни се измени во однос на датумот на одржување на проектот зависно од актуелната COVID-19 ситуација!

За проектот: Проектот има за цел да развие став кон прифаќање и отвореност кон новото и различното, да го превенира и да го спречи феноменот на радикализација кај младите луѓе. Секоја национална група ќе има пет млади учесници на возраст меѓу 16-22 години и еден младински лидер (+18 год.).

Повеќе информации: INFOPACK

Проектен партнер: Associazione Culturale Eufemia APS (Италија)

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, значи сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени согласно со Еразмус+ регулативите. Сместувањето и храната се обезбедени.

Како да се пријавите:

1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во Предмет (пр. Апликација за
“I LOVE YOU… RBAN” )
3. Претставете се накратко и истакнете за кој проект сте заинтересирани
4.
Приложете го вашето CV на англиски
5.
Приложете го вашето Мотивациско писмо на англиски со одговор на следните прашања:

Кој сте вие?
• На која возраст сте?
• Зошто сакате да учествувате?
• На кој начин ќе допринесете за проектот?

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 12/07/2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.