You are currently viewing VOICES July 2021

VOICES July 2021

Време е да искулираме!

Температурата расте во Македонија, а нашето секојдневие се менува со визии за пливање во море или во базен, или, пак, со вдишување чист воздух во планините. Сепак, тука во ВЦС, ние сè уште работиме напорно за вас!

Малку по малку, музичките настани добија „дозвола за настап“ и ние сме воодушевени од тоа! Настапот на Васил Гарванлиев на парадата на гордоста во Скопје, како и други музички настани ни покажуваат дека се очекува враќање во старите забавни денови, бидејќи музиката во живо полека оживува. Не можеме однапред да знаеме што нè чека, па посветивме неколку написи на блиските идни очекувања: промена на местото на „ТикТок“ меѓу социјалните мрежи или развој на нов вид туризам: „просторен туризам“ што може добро да ја промени визијата што човештвото ја има за себе. Конечно, како што е создаден ВЦС со и за млади луѓе, не можевме да избегнеме да зборуваме за младите и за волонтирањето, кои се во основата на нашите грижи и активности.

Се надеваме дека ќе уживате во ова јулско издание на „Воисес“! Светот сè уште се движи напред, и ние сакаме да пишуваме за тоа, додека остануваме „кул“ и ја промовираме различноста. Останете со нас. Ви посакуваме само најдобро.

VOICES July 2021 PDF

Иван Барбо