You are currently viewing Повик за младинска размена во Полска!

Повик за младинска размена во Полска!

Волонтерски Центар Скопје бара 6 учесници (14-17 години) и 1 лидер/старател на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Social Game Masters“ во Полска.

Место: Насутув/Лублин, Полска
Датум: 26.06 – 05.07.2023

За проектот:
“Social Game Masters” е младинска размена во која млади луѓе од 3 различни земји ќе ги користат идеите и алатките на неформалното образование и учење преку игри да се здобијат со увиди за менталното здравје, свесноста и менаџирање на слободното време, како и градење здрави односи со врсниците.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: Fundacja Sempre a Frente

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација

Краен рок за аплицирање: 07.05.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.