You are currently viewing Повик за обука во Романија!

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Facilitation skills for inclusive educational activities” во Романија.

Место: Касоаја/Арад, Романија
Датум: 03.07 – 11.07.2023

За проектот:
Обуката има за цел да го олесни социјалното вклучување на бегалците преку поддршка на нивниот процес на културна адаптација и намалување на дискриминацијата со која се соочуваат. Ќе се заснова на методологија за едукација на врсници и ќе работи на зајакнување на младите бегалци и младите луѓе од Европа да ја спречат ксенофобијата и нетолеранцијата меѓу младите со тоа што самите ќе станат „учители“ на своите врсници.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Ofensiva Tinerilor

Технички детали: Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 07.05.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.