You are currently viewing Повик за волонтер во Германија!

Повик за волонтер во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “ESC at Kultur Vor Ort e.V.” во Германија.

Место: Бремен, Германија
Датум: 05.09.2023 – 31.08.2024 (12 месеци)

Повеќе за проектот:

Дали имате љубов кон уметноста и работа со деца? Дали се грижите за социјалните закони и креирање на инклузивни услови за сите? Овој волонтерски проектги обединува сите овие елементи. Можете д се придружите на тимот на Kultur Vor Ort e.V. посебна организација која се стреми да ги зајакне капацитетите на децата и младите луѓе преку уметноста! Потребно е А2-познавање на германски јазик.

Организација-домаќин: Kultur Vor Ort e.V.NaturKultur Bremen e.V.

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Аплицирај преку NaturKultur: Тука

Краен рок за аплицирање: 23.04.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.