Call for a Youth Exchange in Jazak, Serbia!

Call for a Youth Exchange in Jazak, Serbia!

Волонтерски Центар Скопје бара 6 учесници од Македонија кои сакаат да учествуваат на младинска размена “Active youth for healthier future“.

Место: Јазак, Србија
Датум: 17.07 – 25.07.2021

!! Можни се измени во однос на датумот на одржување на проектот зависно од актуелната COVID-19 ситуација !!

Повеќе за проектот:
Проектот цели кон развивање на различни алатки за споделување на знаења за важноста на последиците од климатските промени во локалните заедници. Секоја национална група ќе има пет млади учесници на возраст од 18 до 25 години и еден младински водач (без ограничување на возраста).

Повеќе информации: INFOPACK

Партнери на проектот: Environment Engineering Group (Србија), CEREBRA (Босна и Херцеговина), CAZAS (Црнагора), Group of the European Youth of Change (Романија)

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразсмус+, значи сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат покриени согласно со Еразмус+ регулативите. Сместувањето и храната се обезбедени.

Како да се пријавите:

1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во Предмет (пр. Апликација за “Active youth for healthier future“)
3. Претставете се накратко и истакнете за кој проект сте заинтересирани
4.
Приложете го вашето CV на англиски
5.
Приложете го вашето Мотивациско писмо на англиски со одговор на следните прашања:

• Кој сте вие?
• На која возраст сте?
• Зошто сакате да учествувате?
• На кој начин ќе допринесете за проектот?

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 29/06/2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.