You are currently viewing Чекор по чекор и оп во Скопје: Добредојде за Јола од Полска

Чекор по чекор и оп во Скопје: Добредојде за Јола од Полска

Здраво на сите!

Јас сум Јоланта од Полска и ова е мојот 6. ден во Скопје. Не толку одамна, иако како да било пред многу години, работев во друг главен град – Варшава. Не чувствував дека се движам во вистинската насока, па решив да пробам нешто ново. Ако не ви се допаѓа приказната во која сте, имате можност да свртите страница, да напишете целосно ново поглавје или да започнете целосно нова книга. Можеби звучам како лик од книга, но понекогаш може да биде толку едноставно. Вие сте автор на вашата приказна. Ох, и јас сакам да читам книги, така што слободно можеш да ме наречеш зависник од книги. Освен во нив, уживам во чиста околина, изгрејсонце и во вкусна храна.

Откако го напуштив гнездото, го спакував животот во вреќи и се преселив од место до место, град во град. Сега, воодушевена сум што сум во Македонија! Македонија и Скопје, мојот нов дом. ВЦС моето ново семејство. Прекрасно и тивко место. Микс од ново и старо, убаво и ексцентрично. Сè уште го проучувам. Да бидам волонтер во ВЦС е следниот чекор во мојата животна одисеја. Секое патување, секое посетено место, сите работни места што ги имав и сите луѓе што ги запознав се ново искуство, огромна доза на знаење и емоција.

Тука во ВЦС сите се забавни и се грижат едни за други. Затоа, иако не сум сигурна што носи иднината, се чувствувам пријатно. Очекувам само најдобро.

Свесна сум за фактот дека волонтирањето во рамките на Европскиот солидарен корпус е привилегија. Ќе направам се што е во моја моќ да и помогнам на организацијата и да работам „лудо“ ако има потреба. Исто така, ќе се обидам да научам од луѓето околу мене што е можно повеќе за време на мојот 12-месечен проект. Ако стигнавте до крајот… Сакам да слушам приказни на други луѓе – можеби наскоро ќе имам шанса да ги слушнам твоите.

Топли прегратки!

Јоланта Чопчињска