You are currently viewing Повик за младинска размена во Франција!

Повик за младинска размена во Франција!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18-30 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Youth League of Inclusion!“ во Франција.

Место: Ромији-сур-Сен, Франција
Датум: 13.10 – 21.10.2023

За проектот:
“Youth League of Inclusion!” е младинска размена која промовира социјална инклузија преку спорт. Овој проект ги охрабрува маргинализираните млади и оние со помалку можности да земат учествуво во спортови за подобро ментално и физичко здравје. Преку различни спортски дисциплини, проектот се обидува да создаде безбедна и отворена средина за интеракции без предрасуди.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнер на проектот: RS10 Athlétisme

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 13.08.2023