Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18 – 30 години) од Македонија за учество на долгорочниот ЕСК проект “Digital communication and non-formal education“ во Италија.
Место: Бологна, Италија
Датум: април 2023 – март 2024
За проектот:
Волонтерите ќе бидат активно вклучени во мултиетничката и инспиративна околина на Болоња преку искористување на активностите и мрежата на контакти на YouNet. Тие ќе му помогнат на Европскиот оддел за мобилност да ја развие својата онлајн стратегија за комуникација преку веб-страници, е-учење, видеа, фотографија, блогирање и социјални мрежи. Исто така, волонтерите ќе можат слободно да дизајнираат своја креативна содржина за ширење на локални активности за младите (неформална обука, работилници, семинари, конференции, лингвистички тандеми) и тековни меѓународни проекти.Проектот вклучува и организирање и спроведување локални активности, како што се работилници во училиштата, лингвистички тандем (лично и онлајн), настани за дисеминација итн.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Проектен партнер: YouNet APS
Технички детали:
Проектот е финансиран од Ерасмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Ерасмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
Краен рок за аплицирање: 09.04.2023
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.