You are currently viewing Повик за волонтер во Германија!

Повик за волонтер во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект „Volunteering at Friedehorst“ во Германија.

Место: Бремен, Германија
Период:
02.09.2024 – 31.08.2025 (12 месеци)

За проектот:

Дали сакате да им донесете насмевка на луѓето? Со волонтирање во Freizeitzentrum во Friedehorst, организација која обезбедува рекреативни активности за лица со посебни потреби и болести, ќе организирате ситни активности за жителите и ќе им помогнете на вработените во спроведувањето на настаните.

Пријавете се доколку имате барем А2 ниво на разбирање, зборување и читање германски.

Повеќе информации: Инфопакот

Проектен партнер: NaturKultur e.V.

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Аплицирајте преку формуларот подоле на страницата: Oвде

Краен рок за аплицирање: 17.03.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.