You are currently viewing Повик за волонтер во Чешка!

Повик за волонтер во Чешка!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “ESC Luzanky” во Чешка.

Место: Брно, Чешка
Датум: 15.09.2023 – 13.09.2024 (12 месеци)

Повеќе за проектот:

Центарот за рекреација Лузанки (SVC Luzanky) е спремен да биде домаќин за волонтери на некои од следните позиции:

  1. Lidicka – Оддел за уметност
  2. Lidicka – Технички оддел
  3. Циркус во Legato and Lyska
  4. Ателје Lavka – видео/музика/фотографија
  5. Louka – разновидни активности со фокус на боење и керамика
  6. Lata – разновидни активности, фокус работа со мали деца (претшколска возраст)
  7. Siska – шумска градинка-работа со претшколска возраст на отворено
  8. Lipka – школски објект за еколошко образование

Подолу може да најдете информации за секоја позиција поопширно.

Повеќе информацииТука

Организација-домаќин: Luzanky

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Следете ги упатствата за пријавување и на Luzanky веб-страницата.
    (Спомени го ВЦС како организација-испраќач.)

Краен рок за аплицирање: 23.03.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.