You are currently viewing Повик за волонтер во Хрватска!

Повик за волонтер во Хрватска!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Solidarity for Green Dalmatia” во Хрватска.

Место: Сплит, Хрватска
Датум: 15.01.2023 – 15.01.2024 (12 месеци)

Повеќе за проектот:
Тема на проектот:
Заштита на животната средина и одржлив развој;
Донесување позитивни промени во заедницата и промовирање на солидарноста.

Повеќе информации: инфопакот

Организација-домаќин: Association for Nature, Environment and Sustainable Development Sunce

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Обезбедени се и сместување, осигурување, храна и џепарлак, како и часовите по хрватски јазик.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 11.12.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.