You are currently viewing Повик за обука во Турција!

Повик за обука во Турција!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во обука „greeNEED Youth Work 2“ во Турција.

Место: Истанбул, Турција
Датум: 4.09. – 15.09.2023

За проектот:
Главната цел на проектот е да се зголемат зелените практики во областа на младинската работа, да се разјаснат одговорности и задачите на НВО и младинските работници вклучени во предмет на одржлив раст и да се создаде еколошки пријателски процедури на неформално учење.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: Falken Bildungs – und Freizeitwerk Hagen e.V.

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 18.08.2023 

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.